Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Лазар Маџаров

Роден е во 1872 година во с.Негован, Лагадинско. Завршува образование на Солунската машка гимназија и учителствува во Жеравна и с.Рила, Бугарија.

Во 1897 година е назначен за главен учител во Лозенград. По влегувањето во ВМОРО го предводи локалниот револуционерен комитет и ја проширува мрежата на комитетот во Лозенградско. Во 1899 године станува нелегален. Го придружува Г.Делчев во 1900 година, во обиколката на Одринско.

На Пловдискиот конгрес на ВМОРО во 1902 година е избран за лидер на Лозенградскиот револуционерен регион. Делегат е на конгресот на Петрова нива, на кој е избран за член на Главното раководно боево тело.

За време на Илинденското востание уќествува со своја чета на планината Странџа. По востанието ја зајакнува организацијата на Родопите и Западна Тракија. На конгресот на Одринскиот револуционерен округ во Варна, во 1904 година, е избран за член на З?адграничното претставништво на Одринско. Во 1905 година е делегат на Рилскиот конгрес.

Загинува на 10 ноември 1907 година кај с.Лаџекој, Дедеагачко.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik